Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Антикорупциска комисија го штити криминалот, Ковачевски треба да одговара за злосторничко здружување, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја презеде улогата да биде адвокатот на Ковачевски. Тие побрзаа предвреме да го амнестираат дезертерот Ковачевски од аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра. Ни постапка, ни аргументи ни факти не посочија, туку само посочија дека Ковачевски според нив не бил виновен. Ова отвора сомнеж дека ДКСК позната како антикорупциска комисија е само продолжена рака која го штити криминалот и ја амнестира корупцијата. После да не се чудат институциите за борба против корупција зошто огромно мнозинство од граѓаните не им верува, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Но Ковачевски ги пушти низ вода и ДКСК и сите негови заштитници со признанието дека во време кога тој бил на функција исплаќана била финансиска помош на фирмата која тој ја основал, а која сега е во целосна сопственост на неговиот кум. Со ова тој практично ги потврди сите пресови на ВМРО-ДПМНЕ во кои зборувавме дека додека тој е на функција фирмата „Пиксел“ добивала пари од државата и вносни бизниси. Ако ова не е доволен сомнеж за судир на интереси и трговија со влијание за ДКСК, тогаш навистина Македонија е во ќор сокак со борбата против корупцијата.

— реклама —
— реклама —

Овој скандал тежок 26 милиони евра кој го открива аферата „Броило“, а во кој се наоѓа Ковачевски и соларниот картел кој го создал, почнува да наликува на злосторничко здружение пред кое институциите замижуваат. Ковачевски треба да одговара за здружувањето кое го направил и на кое му овозможил милионски бизниси и богатење“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања