Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Антикорупциска со полни раце работа, меѓу другото отвори постапки за договорот за детската кардиохиругија со Жан Митрев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
antikorupciska

Антикорупциската комисија одлучи да отвори постапка по допрен глас за приватната болница на Жан Митрев, дали постапката за доделување лиценца за детска кардиохирургија е согласно Законот за здравствена заштита по отказот на докторот Владимир Чадиковски.

Антикорупционерите ќе испитуваат дали постојат причини за раскинување на договорот меѓу државата и болницата „Жан Митрев“, особено по објавените информации дека кардиохирургот Жан Митрев нема лиценца да се занимава со детска кардиохирургија, а тој веќе најави дека во идниот период ќе се оперираат 20 бебиња.

— реклама —

На денешната седница беше наведено дека ќе се испитува и дали имало вработувања во прилепската болница за време на изборите и доколку тоа биде утврдено ќе биде отворена постапка.

— реклама —

ДКСК соопшти и дека било утврдено дека ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ. Тој ќе мора да се откаже од една од овие плати, а при тоа, одговорноста за овој случај се лоцира кај деканот на дигестивна, кој му дозволил да ја зема втората плата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања