Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Антикорупциската комисија ќе го испита случајот со „Еуровија“; за Ковачевски – сомнително е ако донатор добие тендер со највисока, а не со најниска цена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Ако тоа што одредена компанија финансирала политичка партија, имало влијание врз изборот за тендер, тоа треба да го провери Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која веќе објави дека ќе отвори случај по овој основ, рече премиерот Димитар Ковачевски.

— реклама —


Премиерот вели дека на тендерот што го објави МНР за салата за претстојниот самит на ОБСЕ, е избрана најниската понуда, а би било сомнително доколку некој донатор на одредена политичка партија добие тендер со највисока цена или, пак, не е заведен дека е донатор.

— реклама —


— реклама —

Според Ковачевски, во случајот станува збор за тендер што е објавен законски и на кој учествуво зеле повеќе фирми, односно МНР го објави бројот на фирми, како и цените на понудувачите во однос на работата што требало да ја извршат.


„МНР детаљно информира колку компании учествувале, какви суми понудиле во однос на извршувањето на работите. Очигледно е дека е избрана најниската понуда. Секој од понудувачите има право на жалба во согласност со Законот за јавните набавки. Инаку, се работи за компанија што работи и на други инфраструктурни објекти“, рече Ковачевски.

— реклама —

Фирмата „Еуровија“ ДООЕЛ од Желино доби 1,8 милион евра на тендер за реконструкција на салата „Борис Трајковски“ во пресрет на конференцијата на ОБСЕ, што треба да се одржи во декември. Министерот Бујар Османи истакна дека тој не знаел оти фирмата била донатор на ДУИ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања