Членовите на Комисијата за спречување на корупција донесоа одлука да се испита како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стекнал државно земјиште од 33 илјади метри квадратни за изградба на хидроцентрали и како добил концесија за користење на води.
Оваа фирма на Мицкоски, како основач, и на Димитар Димоски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за транспорт и врски ги изградила хидроцентралите, кои и денеска работат и се во нивна сопственост.
Антикорупционерите денеска едногласно одлучија да отворат постапка за влијание и за злоупотреби, но истовремено и постапка за тоа дали Мицкоски можел да биде во исто време директор на ЕЛЕМ и да го советува Груевски за енергетика.