Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Антовски: Градоначалникот Марин покажува дека личните интереси се пред интересите на граѓаните на општина Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
aerodrom

Ова е локацијата за којашто Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром издава решенија за градби на згради и покрај тоа што на 13ти Март 2019 година Уставниот суд донесе Решение дека се прифаќа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на ДУП за градска четврт И17 блок 17.02 поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на Општина Аеродром, истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

Го прашуваме градоначалникот Златко Марин дали го заборави предизборното ветување дадено на граѓаните на општина Аеродром во неговата програма дека ќе направи ревизија на ДУП-овите со цел да се намали градежната експанзија посебно во урбаното градско јадро или целта му беше да ги измами граѓаните со лажни ветувања и да се дограби до власт.

— реклама —

Со оваа постапка Златко Марин покажува дека личните интереси се пред интересите на граѓаните на општина Аеродром и дека нема цел да ја намали градежната експанзија во општина Аеродром, туку напротив да ја интензивира, истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

— реклама —

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања