Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Антовски: Која е итноста на АД ЕЛЕМ да вработува канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Власта во заминување ја партизира администрацијата и купува гласови со предизборни вработувања. На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица.  На 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ не вработува инженери или други стручни лица потребни за работата на ова претпријатие, туку советници во кабинет, книговодители, раководители, истакна Стевче Антовски од Стевче Антовски ВМРО ДПМНЕ.

Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!? Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.

— реклама —

Ова е втор оглас во последниот месец распишан од АД ЕЛЕМ. Пред само 10 - тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица.

Власта го партизира и полни енергетскиот сектор со нестручен кадар.

— реклама —

Буџетите на ЕЛЕМ и МЕПСО, наместо за изградба на нови капацитети и реконструкција на истите се користат за поткуп на гласачи.

Честите испади во електроенергетскиот систем што беа во Скопје и  Битола, а пред 4 дена и половина Македонија остана без снабдување со електрична енергија, се доволен доказ дека СДСМ троши само за партиски вработувања, наместо за правилен развој и одржување на енергетските капацитети во земјата. Тоа  е спротивно од она што го ветуваа пред да дојдат на власт.

Единствено не се знае до кога АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе можат да ја издржат оваа енергетска „авантура“ на власта во заминување, истакна Стевче Антовски од Стевче Антовски ВМРО ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања