Во Македонија има антракс, заразна болест што ги напаѓа животните, а може да се пренесе и на човек, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство. Болеста е потврдена кај овци во кичевско, а ниту еден човек не е инфициран, смируваат надлежните. Антраксот може да се пренесе со конзумирање контаминирано месо или пак ако бактеријата навлезе во телото преку рана на кожата.
Од Агенција за храна и ветеринарство велат дека антракс има во селото Долно Строгомиште, кичевско. Животните под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, а во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција.