Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Апасиев алармира: Си го изгласаа груевистичкиот закон за поткуп на медиумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
prof-d-r-Dimitar-Apasiev

„Широката коалиција СДС – ДПМНЕ доминира во Собранието. Сложно си го изгласаа груевистичкиот закон за поткуп на медиумите (со европско знаменце) + и уште посложно го одбија предлогот на Левицата да се гласа за законот за дијабетичарите!“, напиша вчера на својот фејсбук-профил пратеникот Апасиев.

Пратениците на Левицата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, минатиот ноември поднесоа 1.300 амандмани до собранискиот архив за предлог-законот за аудиовизуелните медиумски услуги, со што досега овој закон беше блокиран токму од Левицата.

— реклама —

За овој закон негодуваше и новинарската фела и тие се на ставот дека овој закон не е ништо друго, освен легално поткупување на медиумите за уредничка наклонетост кон власта, велат од Левицата.

— реклама —

„Вчера, со исклучок на Левицата, власта и опозицијата, предводени од СДС и ДПМНЕ, во Собранието на Р. Македонија, на пленарната седница ја изгласаа потребата да се донесат измени во Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, по скратена постапка, со злоупотреба на европско знаменце, со што СДС и ДПМНЕ сложно се согласија да се даде зелено светло за носење на законско решение со кое ќе може со народни пари да се финансира наклонетоста кон властите преку националните телевизиите, за што повеќепати претходно алармира Левицата.

— реклама —

Нашите пратеници опоменуваа повеќе од една година, дека со овој закон, јавниот простор и слободната мисла ќе бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим на ДПМНЕ, овој пат сложно, како широка коалиција“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања