Апасиев е реална закана за европската иднина, а Мицкоски е негов заложник, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Untitled-1

Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

— реклама —

„Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник.

— реклама —

Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Но затоа, како што заканата од Левица раста, Мицкоски станува се поекстремен.

— реклама —

Тоа го покажа и пред некој ден кога самиотпотврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов.

Почитувани,

Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата.

Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји.

Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме.

Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб.

Оваа опасност од непромислен популизам СДСМ и демократските сили нема да дозволат да се случи.

Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме и нема да дозволиме кој било да ја загрози“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања