Апасиев: Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
apsaiev

По аферата „Рекет“ која ја тресе земјава, низа коментари, предложи, објаснувања, што по медиумите што по социјлните мрежи. Свој коментар даде и професорот по Римско право Димитар Апасиев. Еве што тој напиша:

— реклама —

Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи - ама со прост јазик...

„ВД Специјален обвинител“ не постои! Значи, она шо го збореше републичкиот јавен обвинител Јовески вчера на пресот, народски кажано, е тикви со расол 😂

— реклама —

За да супсидијарно се примени Законот за ЈО во конкретниов случај, Катица Јанева прво мора да биде РАЗРЕШЕНА!

А за да биде разрешена има едно чудо процедура со пичкљарда фази - па ќе се обидам да ви доловам:

(1) Вилма Русковска треба да подготви ИЗВЕСТУВАЊЕ до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица;

(2) Советот изготвува писмен ИЗВЕШТАЈ за основите за разрешување поради нестручно и несовесно работење - кој го доставува до јавноста и до парламентарната Комисија за избори и именувања;

(3) Комисијата доставува ПРЕДЛОГ до Собранието на РМ за разрешување;

(4) За предлогот мора да постои претходна СОГЛАСНОСТ на четирите политички партии со најголем број пратеници;

(5) Собранието на РМ, со двотретинско и бадентерово мнозинство, го усвојува ПРЕДЛОГОТ за разрешување и го праќа повторно до Советот на јавни обвинители;

(6) Дури сега Советот носи ОДЛУКА за разрешување на специјалниот обвинител;

(7) Разрешениот обвинител има право на ТУЖБА против Одлуката за разрешување пред Основниот граѓански суд Скопје за враќање на работа ;)

#СичкоСиИмаПроцедураБе

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/2421458421252815

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања