Апасиев и Крмов: Владејачкото мнозинство донесе болен пратеник во Собранието само за да гласа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apasiev2

Во Собранието на РМ, беа прекршени сите безбедносни протоколи за заштита на јавното здравје и, преку противправно внесување на суспектен или заразен пратеник, беше ставено под огромен ризик здравјето на сите пратеници! За ова некој треба и мора да одговара, напиша во текот на ноќта Димитар Апасиев од Левица на социјалните мрежи.

— реклама —

Тој го сподели и статусот на неговиот сопартиец Борислав Крмов кој вели дека владејачкото мнозинство внело пратеник во Собранието болен или сомнителен на Ковид-19, само неколку минути пред полноќ, во непозната просторија само за да гласа.

-Бевме известени буквално 2 минути пред гласањето за избор на Влада. Ако и болен со треска може да влезе во Собранието зошто тогаш на влез на сите ни мерат температура? Дали службите мене или било кого од опозицијата ќе не пуштеа внатре во Собрание, ако имавме температура или било какви симптоми исто како него? Ако не, тогаш како е тој пратеник над другите 119 пратеници? Дали ако во иднина 2, 5, или 10 пратеника од владејачкото мнозинство заболат од Ковид-19 планираат да ни ги носат во Собранието по непознати простории да гласаат, само да се одржат на власт?Владата му диригира на Собранието што сака и е спремна здравјето на сите пратеници и собранискиот персонал да го стави на ризик само за да продолжи да владее. Се соголивте уште првиот ден, вели Крмов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања