Промени тема
Контакт

„Апасиев ја откри вистинската намерата на коалицјата ВМРО-ДПМНЕ - Левица: Да не бидеме членка на ЕУ“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
apasiev

Денес коалицискиот партнер на Мицкоски, Дидмитар Апасиев ја откри вистинската намера и цел на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - Левица а тоа е да не бидеме членки ЕУ за други или поточно туѓи алтернативи, вели СДСМ

„Тоа што го мисли Мицкоски гласно го зборува Апасиев.

— реклама —

Со оваа изјава на коалицискиот партнер на Мицкоски се потврдува сомнежот дека воопшто не станува збор за протести кои против европскиот предлог туку за целосна промена на стратешкиот курс на земјата и напуштање на евроинтеграцијата.

Очигледно ова е вистинската скриена агенда на Мицкоски, директно насочена против ЕУ.

— реклама —

Мицкоски мора јавно да излезе веднаш и да соопшти кои се неговите вистински цели и која алтернатива има ја нуди на граѓаните?

— реклама —

Дали тој се залага за Евроазиска унија како неговиот коалициски партнер со кој ги организраат протестите?

Овие прашања мора да ги одговори јавно Мицкоски.

— реклама —

Апасиев е докажан и признат проруски политичар, но очигледно е дека и Мицкоски всушност ја води истата и силно ја поддржува таа политика. Целта на крвавото сценарио што не успеа очигледно беше составен дел од тоа.

Граѓаните заслужуваат одговори. Мицкоски не смее едно да говори во јавноста а тајно да договара други стратешки цели со Апасиев“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања