„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Апасиев ја променил бравата во канцеларијата на Левица, Велиу го обвини за мобинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mkd-368362

Oд неодамна формирана е нова фејсбук страна на политичката партија Левица, паралелна со веќе постоечката, за која Димитар Апасиев обвини дека била киднапирана од мала структура во партијата. Левица е сега поделена на две крила, едното предводено од Димитар Апасиев, а другото од Здравко Савевски.

— реклама —

И двете крила со слични меѓусебни обвинувања. Савевски го обвинува Апасиев дека сака да ја претвори Левица во сателит на ВМРО-ДПМНЕ, додека од крилото на Апасиев велат дека обвинувањата се „ништо повеќе од евтин обид да се подрие борбата против штетните политики на СДСМ.“

Партиската секретарка, Џејлан Велиу, го обвини Апасиев за мобинг. На фејсбук таа објави предупредување пред бркање од работа, потпишано од Апасиев, поради незадоволство од нејзиното поведение. При тоа Апасиев и дава на партиската секретарка рок од пет дена да го подобри своето поведение, во спротивно ќе и биде врачен отказ.

— реклама —

„После долготрајниот мобинг во партијата на „трудот“ денес добив писмено Предупредување, каде Димитар Апасиев (самопрогласениот левичар и лидер на партијата), ме известува дека во рок од пет дена ќе ми врачи едностран отказ ако не го поправам своето поведение.

Точно е дека во последните два дена не одам на работа, бидејќи немам пристап до работните простории (официјалната канцеларија), а причина за тоа е нелегалното менување на бравата.

Одговорно тврдам дека наведените причини во предупредувањето се лажни и можам да ги демантирам точка по точка. Имено, во случајот се работи за политички пресметувања со неистомислениците. Димитар Апасиев немајќи политички капацитет аргументирано да се бори за ставовите што ги застапува, превзема вакви гнасни и ниски мерки кон оние кои му се спротставија и не дозволија да тој од партијата направи националистичка партија.

Првите чекори кои ги превзеде против мене беа од психолошки карактер. Во неколку наврати ми се закануваше дека ќе ми „стегне“ кривична пријава, за на крај да стигне и до закани дека ќе ме натепа.

Омразата на самопрогласениот левичар оди до таму што се дрзнува да ме отпушти од работната позиција без да ми даде отказен рок. Тоа не е поведение на човек кој со гордост се удира во гради дека е левичар, тоа е поведение на класично шефче од најексплоататорските фабрики.

Националистот и албанофоб Димитар Апасиев, откако не успеа да ме искористи како амбалажа за прикривање на неговиот национализам, преку лаги и клевети се турди да се „спаси“ од мене.

Борбата продолжува, борбата за подобар свет е нужност.

Ќе победат истрајните и праведните“, напиша Велиу на својот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/djeki91/posts/10218286816705097

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања