Апасиев: Мора да ставиме крај на оваа правна несигурност која на граѓаните им ги уништува животите, а ниту еден банкар не одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apasiev

Подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор - преку она што ние го нарекуваме АНТИЛИХВАРСКО ЗАКОНОДАВСТВО, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.

— реклама —

Тој во продолжение на објавата додава:

Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари.

— реклама —

Уште денес ќе одам во Собранието на Република Македонија и ќе барам да ми биде доделена канцеларија, бидејќи чим СДС си толкува дека „парламентот е конституиран“, тогаш по закон се должни да ни обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаме у ходници како некои кираџии.

Веќе од следната недела ќе се консултирам со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да ставиме крај на оваа правна несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал.

Вака веќе не може!

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3223946741003975&set=a.160863527312327&type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања