Во време на пандемија не треба да се прави попис, ниту една држава во светот не попишува иселени. Ова е попис за отпис на Македонците како конститутивен народ, истакна во гостувањето на емисијата „Само вистина“ пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Имаме неколку аргументи како партија зошто сме против пописот. Првиот е здравствениот аргумент“, вели Апасиев. Според него, јавното здравје е приоритет.
„ООН преку својот департмент за статистика препорача сите земји да ги одложат пописите. Тоа го направи Германија, Шкотска, Ирска, Романија, Хрватска, Србија. Ние како партија предлагаме одложување за една година“, истакна Апасиев.
-Ова е попис за отпис на Македонците како конститутивен народ – рече Апасиев, додавајќи дека ќе ги гонат властите за загрозување на јавното здравје.
Тој нагласи и дека меѓународните аргументи се мошне силни, бидејќи пописите во цел свет се унифицирани.
„Има неколку групи на пописи. Ние имаме комбиниран попис, кој го ставија со европско знаменце. Никаде во светот нема попис на дијаспора“, вели Апасиев.
видео: ФБ Канал 5