Промени тема
Контакт

Апасиев, обвинува за изборна кражба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
apasiev

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинува за изборна кражба. Тој смета дека на неговата партија и се украдени по 30 – 40 гласови од едно изборно место.

„ Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласови по изборно место. Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!? Тројца пратеници ни крадат во моментов. Луѓе ова е досега невиден изборен грабеж. Ова нема така да помине!“, објави на „Фејсбук“ Апасиев.

— реклама —
— реклама —

„ Тројца пратеници ни крадат во моментов“, вели Апасиев Тој смета дека изборната кражба ја следи и неможност за поднесување приговори за вчерашниот изборен резултат. „ Видете ја перверзијата на изборната кражба…Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!? А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!?“, пишува Апасиев.

— реклама —

Според неофицијалните резултати од изборите Левица освои две пратенички места во новиот состав на Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања