Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Апасиев: Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија!?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
apasiev2

Во мое маало, во Аеродром, забележувам дека скоро секое утро по пет-шест пајак возила им ги креваат колите на станарите од пред зграда, на тој начин директно терајќи ги да купуваат паркинг места од инвеститорите и градежните компании, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.

— реклама —

Апасиев во продолжение на објавата додава:

Во нормална држава, со купувањето на станот ти следува и твое ПАРКИНГ место (пред зграда или во подземна гаража). Но, нашите инвеститори - кои ги подмитуваат градоначалниците со по стан-два за секое издадено одобрение за градба - за да спечалат екстра профит, си соработуваат со локалните власти и сообраќајната полиција, дерејќи го народот со казни, за да го присилат да им ги купува прескапите паркинг места (кои чинат 5-6.000 ЕУР по место).

— реклама —

Оти секое земање на возилото со пајак, ќе те кошта околу 100 ЕУР (2.500 ден. за пајакот + казна за погрешно паркирање). Ете така, мој народе, на дело се дешава она што неолибералните влади го викаат "јавно-приватно партнерство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања