Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Апасиев : Со дванаесет пратеници, ДУИ дава премиер!? Техничката влада е глупост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
dimitar-apasiev-5

Претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев во "Аргумент плус" на ТВ 24:

„Со 12 пратеника, ДУИ да ти дава премиер!? - па ние сме единствена земја во универзумот која има еден парламент, а две влади! Техничката влада е глупост. Имате заменик-министер и дополнителен заменик-министер со право на вето - кој ли го измисли ова?“

— реклама —

„Откривме дополнителен криминал. Како може монитор од 150 евра да чини 2 500 евра!? Таму беа искршени 4 монитори, зарем 10 000 евра чинат? Дајте да платиме тоа што сме го искршиле, но претходно ќе нарачеме контравештачење - да видиме дали нешто што треба 250 е платено 2 500 за да може ДУИ да функционира. Курсот кон ЕУ го задржуваме, но не по секоја цена, тоа не ве обврзува како мудар полчитичар да донесете бенефит за вашиот народ од сите големи сили“, рече Димитар Апасиев, лидерот на Левица, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

— реклама —

Пратеникот рече дека ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе гласа за уставните измени, а негова проценка е тоа дека ќе биде направено во првите 100 дена.

— реклама —

„Широката коалиција СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ си функционира зад затворени врати, а може да се каже дека не се ни кријат. Буржујските партии се исти концептуално.“

Претседателот на „Левица“ ќе се соочи на пратеничката листа во првата изборна единица, на која ќе учествуваат и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

„Мицко и Таче прв пат излегуваат на избори, јас сум староседелец во „ќец“. На анкетите не им веруваме, но имаме внатрепартиски е-рефередум, го мапираме и идниот претседателски кандидат. За анкети не фрламе пари и не се повикуваме на нив.“

Левица сега е насочена кон неопределените и разочараните од СДСМ. Парламентарни избори не се бојкотираат, нема цензус, друго е претседателски и таму може да падне кандидат во втор круг. Повик до неопределените и тие „од не ме замара политика“ ако не излезат, да знаат дека ќе ќе ги трпат Таче, Али и Мицко, наведе Апасиев.

Левица очекува двоцифрен број на пратеници и над 100.000 гласови.

„Да ја детронизираме СДСМ, тие ќе паднат под 30 пратеници, а откако ќе ја превземеме „левата сцена“ на изборите, потоа ќе се бориме со ВМРО-ДПМНЕ. Следниот мандат очекувајте „бугаризација“ и албански екстремизам, ако гласате за ВМРО-ДПМНЕ.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања