Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денес се обрати пред пратениците во Собранието.
Таа порача прифаќање на францускиот предло, по што пратеникот Димитар Апасиев и остави транспарент на кој пишува „Не“.
Фон дер Лајен посочи дека нема сомнеж дека македонскиот јазик е македонски јазик, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кренаа транспаренти во знак на неприфаќање на предлогот.
Апасиев извади и свирче со кое свиреше додека фон дер Лајен зборуваше. Со ова, тој искажа револт кон францускиот предлог.