Апасиев вели дека шест мерки се потребни, а не 26: Ги даночите шивачките, а немате прогресивен данок за елитата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
dimitar-apasiev-5

Пратеникот Димитар Апасиев пред министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека требаат шест, а не 26 мерки. Предложи платата да се дава до 5-ти во месецот, а храната и патните трошоци за им се вратат на работниците, како и здравственото осигурување бидејќи ако остане било кој без работа не може да користи здравствени услуги на државна сметка. Според него, треба да им се даде апанажа на работниците, односно да се усвои законот предложен од Левица.

— реклама —

„Овие сиромашни луѓе ќе ги плаќаат вашите погубни политики, бидејќи трговската размена со Русија е 230 милиони евра“, објасни Апасиев.

— реклама —

За студентите, треба да се зголемат капацитетите во студентските домови, да се зголеми сумата на пари која ја добиваат и да се намали сумата која ја даваат за да студираат. Посочи дека сиромашните деца не се осмелуваат да студираат, поради економскиот статус.

— реклама —

Апасиев предложи да се интервенира и во сметките за струја кои треба да се намалат особено за малите дуќани и бизниси. Се побуни и во однос на цените на патарините, кои според него треба да се намали.

„Зошто не воведете прогресивен данок за елитата? Како не ви е срам нив да не ги даночите, а да ги даночите шивачките со 10% данок? Се плашите да чепните таму каде треба и има пари, а чепкате таму каде нема пари. 85 проценти од луѓето живеат во лихварско банкарство, се плаќаат камати на камати, за 100 евра се плаќаат 1000 евра каматите“, рече Апасиев.

Тој додаде дека ова се мерките кои треба да се превземат, а не тие кои ги предлага СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања