Лидерот на Левица, Димитар Апасиев посочи дека за четири години, рејтингот на партијата драстично се зголемил. Тој тоа го гледа и преку бројот на освоени советници на локалните избори годинава.
„ЛОКАЛНИ 2017: Левица настапува во 11 општини и освојува 3 советника. ЛОКАЛНИ 2021: Левица настапува во 38 општини и освојува 51 советник. Ама, Заев вика рејтингот од 4% ни паднал на 2%, после „инцидентот“ во Прилеп!? p.s. Премиерот забораил да ја додаде единицата пред двојката (12%), ама ај сега да не го омаловажуваме вака јавно. Пасокизација. Нема Влада без Левица“, напиша Апасиев.