Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Апашлукот на власта расте, набавувале битумен 10 пати поскапо, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bitumen-960x540-1

Апашлукот на власта на СДСМ и ДУИ станува епски речиси по правило секогаш кога се случуваат одредени политички теми. Па така додека владата склопуваше предавнички протоколи, во исто време Јавното претпијатие Македонија Пат набавило битумен по цена од неверојатни 12 илјади евра по цистерна битумен, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ако се земе предвид дека ЈП Улици и Патишта користи сличен материјал, а го плаќа по 1.100 евра од цистерна битумен, тогаш доаѓаме до фрапантни 11 илјади евра разлика. Ако само на една цистерна е направена неоснована разлика од 11 илјади евра, тогаш целата набавка изела неколку милиони евра.

— реклама —
— реклама —

Повиканите институции молчат, молчи владата, молчи и обвинителството како е можно една цистерна битумен да биде 10 пати поскапа.

— реклама —

Овој тендер отвора сомнеж за огромен криминал кој достинува и до 4 милиони евра. Оваа власт решила да ја докусури Македонија. Крадат и око не им трепнува. Секоја криза ја користат да наполнат приватни џебови и народот да го осиромашат. Колку повеќе крадат, толку повеќе се лепат за фотељите, мислејќи дека така нема да одгововараат. Но, се лажат. Наскоро ќе дојде времето за одговорност и за предавствата, и за понижувањата, и за грабежоти и за криминалот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања