Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Апел од Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
023

„Уште еднаш би сакал да упатам силен апел до граѓаните и политичките партии коишто сакаат да го искажат своето право на протест, истото да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија. Нападите коишто имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне. Тоа е, едноставно, спротивно на сѐ она за коешто се залагаме во градењето на нашата држава. Република Северна Македонија е земја на секој еден граѓанин, втемелена на нашиот концепт „Едно општество за сите”, од кој не отстапуваме, туку ќе продолжиме да го промовираме и афирмираме.

Затоа, очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.

— реклама —

На крајот би сакал да потенцирам - да повредиш полицаец, значи да кренеш рака врз државата, врз синот и братот кои извршуваат службени дејствија со цел гарантирање на сигурноста и безбедноста на сите.

— реклама —

Повикувам на свесност и одговорност во протестите - нека победи разумот!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 15 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 15 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања