Ајде да ги здружиме силите и заедно да ѝ помогнеме на Јана Арсовска. 33-годишната девојка од Охрид веќе петта година се бори со редок вид на рак.
Во 2015 година, на Јана ѝ била дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.
Отворете го срцето и помогнете ѝ на храбрата и позитивна охриѓанка:
Броеви за донирање од Македонија:
T-Mobile: 143 143
А1: 143 467
За донации од Македонија:
Жиро-сметка: 5305-0001-0490-410
Банка: Охридска Банка
За донации надвор од Македонија:
IBAN: MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22
Адресата на Јана, за банкарските трансакции е:
Јана Арсовска,
ул. Ѓорче Петров 14 г
6000 Охрид, Македонија
Јана веќе петта година храбро се бори со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе.
После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која ѝ беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување. После две трансплатации на коскена срж, состојбата е следна: во нејзиното тело по втората трансплатација се уште имаше (под 1% во јануари 2019) малигни клетки на реткиот тумор.
Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана која по децениски истражувања низ целиот свет покажала резултати и станал дел од протоколите за лекување на оваа болест во огромен број земји во светот, чиј број се зголемува постојано.
Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаат премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата оди со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ СО ДОБРО ДЕЛО, ДОНИРАЈТЕ НАДЕЖ ЗА ЈАНА!
Затоа, ве молиме и ве повикуваме да се приклучите кон оваа акција. Споделувајте постови од оваа страна, зборувајте со луѓе кои ги познавате, компании кои би сакале да помогнат, фондации, медиуми. Секој кој било како може да помогне, е повеќе од добредојден. Секаква идеја, секаква акција… Да бидеме како едно, за нашата храбра Јана.
Заедно ќе успееме, ама сигурно ќе успееме, и Јана ќе ни биде жива, здрава и насмеана!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ!
Семејството и пријатели на Јана Арсовска.