Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Апел за преместување на возилата од големиот ринг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
golem-ring

Поради посетата на Папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните. Поради специјалниот режим на движење, граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, во вторник нема да може да ги користат своите возила, до колку сакаат да ги користат возилата ќе мора истите денеска да ги извадат од рестриктивната зона.

— реклама —

Апаелираме, граѓаните коишто живееат во централното градско подрачје (во зоните А1, А3, А4, А5, А06, А8, Б2, Б3, Б6 и Б7) почнувајќи од понеделник, 06.05.2019 година по 16:00 часот, своите возила да ги дислоцираат и истите да ги паркираат во непосредна близина на Градско Собрание, зона Ц80 и Ц81 или зона Ц33 (под Железничка станица) и јавните паркиралишта ЗОИЛ и Тутунски комбинат.

— реклама —

Граѓаните кои имаат потреба од своите возила на ден 07.05.2019 година, ќе биде потребно истите да ги дислоцираат надвор од рестриктивната зона на 06.05.2019 година, во спротивно возилата нема да може да направат излез од рестриктивната зоната за време на посебниот сообраќаен режим.

— реклама —

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје ќе бидат бесплатни за користење почнувајќи од 06.05.2019 година (понеделник) по 16:00 часот.

— реклама —

Катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ во вторник 07.05.2019 година нема да бидат во употреба, односно ќе бидат затворени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања