Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Апелација денеска ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

sead-kocan

Апелациониот суд денеска на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата ,,Силекс неметали”, Василије Авировиќ во предметот ,,Труст” на СЈО.

— реклама —

Со првостепената пресуда од Кривичен суд на шест години затвор е осуден Сеад Кочан, а на три Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ.

Третиот обвинет во „Труст“ Сафет Ватиќ, пак, тогаш доби ослободителна пресуда.

— реклама —

Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет” беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години. Тој се товари дека со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра.

За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања