Промени тема
Контакт

Апелација ги зголеми казните за дел од осудените во случајот „Групата од Грчец“, ги одби жалбите на обвинетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryfpr75h4cdveo17xzU4I

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во предметот познат во јавноста како „Групата од Грчец“, а ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со што ги преиначи казните изречени во првостепената пресуда.

Како што соопшти Судот, по одржаната јавна седница, разгледувањето на списите, жалбите, предлогот на Вишото јавно обвинителство и усните наводи на странките, на 10 јули годинава донел пресуда со која ги одбил жалбите на обвинетите Ф.Б., С.А., Н.И., Б.А., Ф.С. и Ш.С.

— реклама —

Истовремено, Апелација ја уважила жалбата на Обвинителството и ја преиначила пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 15 јули 2025 година во делот што се однесува на кривичните санкции, односно висината на изречените казни.

Во останатиот дел првостепената пресуда е потврдена, вклучително и одлуките со кои обвинетите беа огласени за виновни за кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, злосторничко здружување и убиство.

— реклама —

Од Апелациониот суд посочуваат дека поради обемниот доказен материјал и сложеноста на предметот, во тек е писмената изработка на пресудата.

— реклама —

„Јавноста дополнително ќе биде известена за објавата на одлуката на Апелациониот суд Скопје по конкретниот предмет, која ќе биде достапна во целост на веб-страницата на судот, согласно Законот за судовите и Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, соопшти Апелациониот суд Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Семејна драма во Грчец: Родители ја земале малолетната ќерка по физички напад

Скопје | пред 7 месеци

— реклама —
sud-krivicen

Членовите на криминалната група од Грчец добија вкупно 50 години затворска казна

Македонија | пред 1 година

ebr2411.mp4.00_01_08_10.Still002

Заложничка драма за 500 евра во Грчец: заканата била со оружје!

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Половина месец не е собрана документацијата за испорака на Шеваљ Муареми и групата од Грчец

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања