Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за „Хотел Изгрев“, дел од обвинението застаре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
apelacija

Апелациониот суд Скопје ја донесе правосилната одлука за предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, а во делот што се однесува на двајца обвинети донесе одбивателна пресуда поради застареност на кривичното гонење.

— реклама —

Од Апелациониот суд информираа дека, постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ја одбиле жалбата како неоснована во делот што се однесува на обвинетиот Д.С. од Скопје, со што ослободителната пресуда за него останува во сила.

— реклама —

Во однос на обвинетите Д.М. и Ѓ.М. од Струга, второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда и донел одбивателна пресуда, бидејќи кривичното гонење не може да продолжи поради настапена застареност, согласно одредбите од Законот за кривичната постапка.

— реклама —

Според Апелациониот суд, постапката за овој предмет започнала во 2009 година, а во периодот до 2025 година биле донесени повеќе различни првостепени пресуди кои, по жалби на странките и одлуки на второстепениот суд, повеќепати биле укинувани и враќани на повторно судење.

— реклама —

Со најновата одлука на Апелациониот суд Скопје, предметот „Хотел Изгрев“ правосилно е завршен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања