Апелација ја потврди првостепената казна за дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на 1 јуни 2017, поточно во моментот кога тој требаше да ја предаде министерката функција.
За потсетување Тамара почина пред повеќе од 4 години, чекајќи операција на рбетот во странство.
Против лекарите сеуште се води судски процес.