Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Апелација ја укина пресудата за „Топлик“, предметот за Јанакиески и другите обвинети застарува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата за предметот „Топлик“ каде првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

— реклама —


Со тоа, предметот се враќа на повторно судење во Основниот кривичен суд, што предизвикува предметот за Сончев град да добие апсолутна застареност.

— реклама —


Апелацискиот суд одлуката ја донел на 6 септември, истиот ден кога Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување и се воведува горна граница.

— реклама —

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ. од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, објави Апелација.


Во образложението понатаму се наведува дека поради сторените суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка кои ја доведуваат под сомневање и утврдената фактичка состојба и правилната примена на материјалното право, овој суд согласно со член 436 став 1 од ЗКП, одлучи како во изреката на решението. При повторното постапување, првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, имајќи ги предвид наведените укажувања и со сигурност да ги утврди сите решителни факти во предметот кои имаат битно влијание за законитото одлучување во смисла на член 15 и член 399 од ЗКП“.

— реклама —

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, беше осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Димитар Димовски, кој бил член на комисија што спроведувала јавно наддавање за „Сончев Град“, а бил и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доби условна осуда, односно казна затвор од две години ако го повтори делото. Од другите членови на комисијата, Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години. Веса Томчевска беше осудена на условна казна, а ќе издржува две години затвор ако во следните пет години направи ново кривично дело; Димитар Ѓаќев доби условна осуда, а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело; и Марица Тасева беше осудена на условна осуда, а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело.


Предметот „Топлик“ се однесуваше на продажбата на градежно земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште. Делото злоупотреба на службената положба и овластување за кое се товарат Јанакиески и петмина обвинети е сторено од 3 април 2007 до 18 февруари 2013, што значи дека апсолутна застареност настапила во февруари 2023 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања