Промени тема
Контакт

Apple ќе го претстави првиот преклопен iPhone, но цената нема да ги израдува фановите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Apple_Store_LA

Компанијата Apple би можела веќе во септември да го претстави својот прв преклопен iPhone, за кој неофицијално се шпекулира дека ќе го носи името „iPhone Ultra“.

Според најновите информации објавени од новинарот Марк Гурман од Bloomberg, технолошкиот гигант најверојатно ќе ја следи својата вообичаена практика и новата генерација на iPhone уреди ќе ја претстави во втората недела од септември.

Гурман наведува дека Apple традиционално ги организира своите презентации во првиот вторник или среда по американскиот празник Labor Day, што годинава би значело дека настанот би можел да се одржи на 9 септември.

— реклама —

Доколку ова сценарио се реализира, преднарачките за новите модели би започнале веќе на 10 септември, додека продажбата би стартувала кон крајот на месецот.

— реклама —

Покрај долгоочекуваниот преклопен модел, Apple се очекува да ги претстави и новите модели iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max.

Сепак, заедно со новите уреди пристигнува и помалку добра вест за корисниците. Според неофицијалните информации, Apple би можела повторно да ги зголеми цените, па новата iPhone 18 Pro серија би можела да биде поскапа од актуелните модели.

— реклама —

Засега од Apple нема официјална потврда за датумот на настанот ниту за изгледот и карактеристиките на идниот преклопен iPhone.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydu1rfu9q4kf69iGVjt5

iOS 27 пристигнува денеска: Новата Siri е главната ѕвезда, но нема да работи на секој iPhone

Технологија | пред 20 часа

— реклама —
media-librarys373s3rg2eccdkRY1SJ

(Видео) Apple го претстави iPhone Duo – првиот преклоплив iPhone во историјата

Магазин | пред 5 дена

Apple-logo

Тужба тешка 2,33 милијарди евра против Apple: Програмери тврдат дека компанијата ја злоупотребува својата моќ

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Apple тестирал нешто што Стив Џобс не го сакаше: Дали првиот преклопен iPhone ќе добие и пенкало?

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања