Промени тема
Контакт

Apple повторно ги зголемува цените - овој пат за апликациите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
appstore-3ec2tcp793qgtt2cblyl1c

Apple неодамна ја претстави серијата iPhone 14, чија цена надвор од САД е значително повисока од претходната серија. Apple сега најави зголемување на цената на апликациите во App Store.

Apple најави дека цените на апликациите, како и купувањата во рамките на Apple Store, ќе бидат зголемени во неколку земји во светот, како и во сите земји кои го користат еврото како валута. Новите цени стапуваат на сила од 5 октомври годинава.

— реклама —

Apple не им дозволува на програмерите директно да ја одредуваат цената на нивните апликации, наместо тоа тие треба да изберат од едно од понудените нивоа. На овој начин се диктираат глобалните цени на апликациите, а тоа помага и во избегнување на постојани промени на флуктуирачките вредности на валутите.

— реклама —

Apple исто така објави PDF документ кој содржи ревидирани нивоа на цени за апликации, кој е достапен овде.

— реклама —

Програмерите имаат опција да ги задржат тековните цени за постоечките претплатници, што значи дека нема да бидат засегнати претплатите со автоматско обновување. Дополнително, програмерите можат да ги намалат цените на нивните апликации за да компензираат за зголемените трошоци, а таа одлука зависи од нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydu1rfu9q4kf69iGVjt5

iOS 27 пристигнува денеска: Новата Siri е главната ѕвезда, но нема да работи на секој iPhone

Технологија | пред 20 часа

— реклама —
media-librarys373s3rg2eccdkRY1SJ

(Видео) Apple го претстави iPhone Duo – првиот преклоплив iPhone во историјата

Магазин | пред 5 дена

Apple-logo

Тужба тешка 2,33 милијарди евра против Apple: Програмери тврдат дека компанијата ја злоупотребува својата моќ

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Apple тестирал нешто што Стив Џобс не го сакаше: Дали првиот преклопен iPhone ќе добие и пенкало?

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања