Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

АППТ со нова кампања и со предлог за поддршка на домашните тур-оператори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
janevski

Дополнителна поддршка за македонските тур-оператори кои во својата програма за 2021 година ќе ги стават домашните туристички центри, предлага Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Како што изјави за МИА директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, ваквиот предлог е веќе доставен до Кабинетот на вицепремиерот, Фатмир Битиќи.

— реклама —

Јаневски најавува и нова кампања од 15 март која ќе се фокусира на регионалните гости. Од почетокот на јуни, пак, оценува, се очекува да дојдат и туристи од традиционалните пазари – Холандија, Турција, Полска.

— реклама —

-Целта на нашиот предлог е да се поддржат тур-операторите кои ќе продаваат аранжамни на домашните туристи во домашните туристички центри. Со оглед дека пандемијата не стивнува, ниту се знае до кога ќе трае, почнуваме промотивна кампања од 15 март која ќе се фокусира на регионалните гости. Притоа ќе се искористат веќе воспоставените т.н. зелени зони на патување, нагласува Јаневски.

— реклама —

извор: МИА

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања