Вчеравечерта на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Полициски службеници од ОВР Прилеп во населба „Точила“ го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Прилеп. При негов и преглед на неговото патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, била пронајдена бела прашкаста материја.
Со наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршиле претрес во домот на А.Н.(31) од Велес. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. Тој е повикан во полициска станица, извршен е службен разговор и по документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.