Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Ормускиот Теснец по војната нема да се врати во состојбата во која бил претходно.

Тој соопшти дека Иран и Оман преговараат за пловните рути и управувањето со теснецот.

— реклама —

„Сите мора да прифатат дека во регионот се случија суштински и стратешки промени и дека ништо повеќе нема да биде како пред четириесетдневната војна, односно Рамазанската војна. Тоа го вклучува и Ормускиот Теснец“, изјави Арагчи.

Тој потсети дека теснецот со децении бил отворен за пловидба.

— реклама —

Според неговите зборови, Иран и Оман, како две крајбрежни држави, не го попречувале преминувањето на бродовите, туку се грижеле за безбедноста и заштитата на животната средина.

— реклама —

„Меѓутоа, сегашната војна промени сè. Мораме да прифатиме дека се создадоа нови реалности. Пловните рути низ Ормускиот Теснец нема да бидат исти како порано. Ниту управувањето со Ормускиот Теснец нема да биде како претходно“, рече иранскиот министер.

Тој додаде дека за овие прашања веќе се разговарало со Оман и дека преговорите ќе продолжат.

— реклама —

Иранскиот министер испрати и предупредување во врска со најавите за нов воен конфликт.

„Ако има барем малку разум, повеќе нема да се обидуваат воено да го нападнат Иран и да извршат агресија врз иранскиот народ. Се обидоа двапати и видоа каков беше резултатот. Ако сакаат да се обидат уште еднаш, и самите знаат дека нема да постигнат поинаков резултат од претходно“, порача Арагчи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 23 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 2 дена

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања