Арбитражниот трибунал на 21 јули 2025 година ги отфрли сите тужбени барања во случајот „Казандол“, со што државата избегна да плати 115 милиони евра од буџетот.
-На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра. Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања и истите ги одби во целост.