Вечерва на плоштадот „Скендер бег“ повторно ќе се организира журка по повод 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Арберија Дизајн за забавата која ќе се одржи на „ Скендер Бег “ и за предавањата во Маврово се офајди со 100 илјади евра . Во рамки на годишнината треба да видиме стихотворба за која се платија речиси 6.000 евра, промотивно видео за охридскиот рамковен договор кое чини колку и стихотворбата, а и спот за песна кој чини 4.000 евра . Журката на „ Скендер Бег“ за која изминативе две години , Груби не жали пари , уште лани кажа оти се надевал дека ќе стане традиционална.
На социјалните мрежи реагираше фотографката Арбнора Мемети, која вели дека
„Би сакала претседателот и сите други да кажат некој збор за јавно-приватните концерти на Груби.
Овој човек од позиција на заменик премиер во име на мирот со народни пари организира приватна забава со пејачи од Албанија и Косово кои некогаш сонувал да ги види во живо.
Рамковниот договор ни припаѓа на сите нас“, вели Мемети.