Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати честитка по повод Денот на Армијата – 18 август
-„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, дозволете најпрвин да го честитам денешниот празник и да ја потенцирам вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата. На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која заедно со славната советска Црвена Армија се избори за слобода на нашата држава и победа на фашизмот.
Денеска, 77 години подоцна во услови кога е избришана историјата на македонската армија со бришењето на АСНОМ и Илинден, ова е тажен и опасен ден за македонските војници бидејќи се ставени на погрешната страна на историјата. Марионетската власт во Скопје очајнички и насилно по секоја цена ја турна Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.
Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на нови геополитички околности во светот и во регионот, време на држави базирани на националниот и државниот суверенитет а во чии рамки националните и патриотските сили во Република Макеоднија ќе ја споречат оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели. Дозволете ми уште еднаш, почитувани претставници на Армијата, од мое лично име и од име на Единствена Македонија да го честитам Денот на Армијата“ – се нагласува во честитката од Бачев по повод Денот на Армијата