„Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град. Инцидентот настана поради Зоре Темелковски. Јас правам куќа за четири деца, под Зоре Темелковски во Рача. Јас ја направив куќата и тој повеќе пати ме пријавуваше дека нелегално ја правам куќата, дека копам. Јас го опоменав. Нефи ми се јавува мене и ми вика дојди да се видиме . Јас нормално, одам. И тој вади пиштол на дете, 14-годишно, на син ми му извади пиштол и му мафташе во нозете. Пиштолот му падна. Кога му падна, јас тргнав да го земам. Само што тргнав да го земам, од позади ме нападнаа уште четворица лица, брат му Ибро и уште двајца хомосексуалци, дали од Струга или Охрид, небитно. Влегов во хотелот, сакаа да ме омаловажат, ме тепаа со пиштоли. Јас таму не делував. Можев да земам и пиштол, но не делував. Дојдов во полиција си пријавив се. Разговарав со полицијата и ми рекоа да одам до крај, бидејќи и тие нема да попуштат. И затоа решив да проговорам. Не може во сите случки Нефи да е прав. Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден кримиалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, рече Топалоски.
„Во СВР Охрид, С.Т. (41) од Охрид, пријавил дека пред угостителски објект бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кратко од МВР.