fbpx
пет. Јул 30th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Несреќа во рудникот „Суводол“, загина работник

Синоќа при несреќен случај во рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загубил работник 60-годишен работник. Како што известуваат од РЕК „Битола“, во моментот на несреќата, тој бил ангажиран на извршување на редовни работни активности, објави Макфакс.

Стручните служби на РЕК „Битола“ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.

Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, а јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

извор: Макфакс