Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија до родители на средношколци: Не наседнувајте на т.н Сојуз на средношколци кој е сомнителна организација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
janko

Во врска со засиленото форсирање во јавноста на т.н. Сојуз на средношколци кој речиси секојдневно остварува средби со владини министри околу почетокот на учебната година, Единствена Македонија ја информира јавноста дека станува збор за сомнителна организација која во основа делува спротивно на Уставот и законите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

Овој т.н Сојуз на средношколци во никој случај не може да биде претставник на средношколците во Македонија најмалку од четири причини:

— реклама —

Прво, овој т.н Сојуз е формиран во Тетово пред повеќе од две години на строго етничка основа од припадници на само едно малцинство во државата.

Второ, овој т.н. Сојуз не е регистриран као легален субект во правниот промет.

Трето, овој т.н Сојуз презема иницијативи кои не кореспондираат со проблемите на средношколците. На пример, има офцијални барања до општина Тетово за промена на имиња, односно, училиштата во Тетово да добијат назив со албански личности.

Четврто, овој т.н. Сојуз речиси две години како јазици за комуникација ги користи албанскиот и англискиот јазик а од неодамна како трет јазик го користи и македонскиот. Замислете, македонскиот јазик во македонската држава е трет јазик за овој т.н Сојуз откако пред извесно време етаблира и неколку припадници на друга националност со цел замаглување на вистината за неговиот сомнителен карактер.

Единствена Македонија апелира до родителите на средношколци да не наседнуваат на овие финти со т.н. Сојуз на средношколци кој во основа делува на антимакедонска основа. Единствена Македонија ги повикува македонските средношколци на македонско однесување во својата македонска држава, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања