„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Стартува изградбата на Кружниот тек во село Волково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
IMG_9039

Општината преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој обезбеди средства за решавање на деценскиот сообраќаен проблем на граѓаните кои транзитираат во овој дел на Ѓорче Петров. Се подобрува пристапот на околу 10 000 жители на село Волково, 500 на село Орман, 1200 на село Никиштане, 200 жители на село Кучково, а се олеснува комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово. Со кружниот тек ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот а просторот ќе добие целосно нов и уреден лик.

— реклама —

На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Александар Наумоски  кој апелираше на трпение и сообраќајна култура додека се одвиваат градежните работи  за изведба на Кружниот тек, чија реализација треба да финишира за 90 дена.

— реклама —

Средствата (4.300 000 денари) се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кофинасирање на општината.

Паралелно се изведуваат и градежните работи за проширување на патот кон Кучково. Ширината на коловозот ќе се зголеми и ќе изнесува 6 метри а безбедноста на пешаците ќе се реши со изградба на тротоари од двете страни на патот со широчина од по 2 метри. На сообраќајницата како и на кружниот тек ќе се постави ново улично осветлување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања