fbpx
саб. Сеп 26th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Апасиев: Ми ја урочивте АЛФАТА…

Лидерот на Левица, преку социјалните мрежи се пожали дека од многу зборување и уроци му се расипала Алфата. Апасиев на ФБ напиша:

-Ми ја урочивте АЛФАТА…
Некни ми се расипа баш кај пешачкиот пред „Бисер“.
И ја, пошто од коли се разбирам само да ги разликуем по боја, поштено си викнав мајстор. И додека го чекав, влегов у тоа пекарата да си купам едно ѓеврече. И си јадам така на тротоаров и си ја глеам Алфава на жена ми, така со сите четири жмигавци, кога ми идат две бабички од зградите околни:
– „Синко, ти да не си оној Апасиев од телевизија“. Еми, тој сум, мајче.
И еднава бабичка ме прашуе: – „Ќе ја опраиме ли дете државава“?
И ја и викам, скроз искрено: – „Ќе ја опраиме тетке, само прво Алфава да ја опраиме“.