Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: Утре одбележување на 30 септември, Денот на референдумската победа, „Не се откажуваме - Битката за Македонија продолжува“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Националниот блок „Македонија - Бојкотира“ во кој своевремено се здружија 84 организации - партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство кои водеа кампања за бојкот на референдумот, утре, среда, 30 септември, ја одбележува двегодишнината од големата референдумска победа.

Одбележувањето ќе биде во паркот спроти Собранието на Република Македонија. Под мотото „Не се откажуваме - битката за Македонија продолжува“  на видео бим ќе биде презентиран документарен филм за големата референдумска победа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.  Во продолжение на истото додаваат:

— реклама —

На 30 септември 2018 година поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Макеоднија и покажаа на власта што мисли за предавничкиот и капитулантски договор со Грција. Но власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО.

Поразот за власта е уште поголем ако се знае дека „Македонија Бојкотира„ во исцрпувачката 20-дневна кампања на терен со скромни ресурси го победи силниот противник како што беше марионетската власт и нејзините странски газди од НАТО САД, ЕУ како и скапата референдумска кампања во милиони евра.

— реклама —

Референдумската победа е извојувана затоа што наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори стоеше најсилниот и нескршлив аргумент кој не се купува со никакви пари: македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име.

30 септември 2018 година има свое формално - правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.     

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања