Актуелно

Единствена Македонија: 30 септември, Денот на референдумската победа, ден кога покажавме што мисли народот за предавничкиот договор за името

„Македонија Бојкотира“ синоќа со народен собир во паркот спроти македонското Собрание ја одбележа двегодишнината од референдумот на кој македонскиот народ и државјаните на Република Македонија и покажаа на власта што мислат за евроинтеграциите на Македонија и предавничкиот договор со Грција. Но власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО со бришење на вековното македонско име, се вели во соопштението од Единствена Македонија.  Во продолжение додаваат:

Под мотото „Не се откажуваме – Битката за Македонија продолжува“ на видео бим беше прикажан документарен филм за големата референдумска победа на 30 септември 2018 година.

Да потсетиме дека националниот блок „Македонија – Бојкотира“ во кој своевремено се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство водеше кампања за бојкот на референдумот.

Референдумската победа е извојувана затоа што наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори стоеше најсилниот и нескршлив аргумент: македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име.

30 септември 2018 година има свое формално – правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.    

На почеток