Извршниот комитет на Единствена Македонија на својата редовна седница ја разгледа општествено-политичката ситуација во државата, а беше донесена и одлука за објавување на Јавен Повик за кандидирање на претседатели на Општински комитети на партијата..
Со ова започнува процесот за внатрешно реструктурирање и реформи во Единствена Македонија со цел јакнење на партиските капацитети.
Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси има обврска да ги ангажира најдобрите и најмотивираните кандидати во битката заедно со народот против злото во Република Македонија кое наметна безаконие, корупција, криминал и национално предавство.
Јавниот Повик важи за сите 80 општини во Република Македонија.
Кандидатите за претседатели на Општинските комитети на Единствена Македонија е потребно да достават допис за кандидирање со свои податоци. По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Единствена Македонија и со него ќе биде извршен разговор.
Кандидатите треба својата кандидатура да ја достават најдоцна до 18 ноември 2020 година (среда) преку електронска пошта [email protected] или во инбокс на фејсбук страната на Единствена Македонија или во седиштето на партијата.