🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Единствена Македонија: Жално и срамно од Пендаровски, го теши народот со изјава дека и во богатите земји во ЕУ умирале од корона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
janko-bacev

Дали да се смее народот или да плаче по денешната изјава на Пендаровски по седницата на Советот за безбедност која се сведува на тоа „дека сме сведоци дека и најразвиените земји и богатите економии тешко излегуваат на крај со оваа ситуација“, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.

— реклама —

Тие во истото додаваат:

Го потсетуваме Пендаровски дека Советот за безбедност според институционалната поставеност има исклучително значење со исклучителни одлуки и народот очекуваше денеска да види такви одлуки во врска со коронавирусот бидејќи на дневен ред имаше само една точка: ситуацијата со порастот на бројот на заразени и починати од коронавирусот.

— реклама —

Но, Пендаровски одбра да го теши народот ептен да не се потресува што бројот на заразени и починати од коронавирусот во Македонија расте, бидејќи умирале и во богатие земји во ЕУ. Поданичкиот менталитет на Пендаровски, потсвесно, уште еднаш исплива на површина дека умираат богатите во ЕУ, па што останува со овие вакви, такви, никакви Македонци.

Што може да се очекува од една марионета како Пендаровски инсталиран по задача само слепо да извршува директиви на своите странски ментори за бришење на се што е македонско. Среќа во несреќа е што Пендаровски не ја отсликува вољата на македонскиот народ бидејќи на изборите беше избран само со 23 отсто од вкупно запишаните избирачи а и тој мал број на гласови, добар дел беа подарок од македонските албанци, велат од „Единствена Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања