Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Бачев му честиташе на Трамп за големата победа на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-tramp

Честитка, Единствена Македонија

— реклама —

проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

Скопје, среда, 04 ноември 2020

— реклама —

Почитуван претседателе Трамп,

Дозволете ми, од името на партијата Единствена Македонија и од свое име, да Ви упатам честитки по повод очигледната голема победа на претседателските избори во САД, како и да Ви посакам успех во извршувањето на одговорната функција.

Единствена Македонија и македонскиот народ придава исклучиво значење на вашите упорни усилби за еден нов свет на слободни, национални и суверени држави во кои „длабоката држава„ ќе стане прашање на минатото.

Вие сте на чело на Вашата држава во време на безбедносни бури, глобални предизвици и нов поредок. Овие предизвици неминовно се рефлектираат и на државите од Балканот, вклучително и Република Македонија каде „длабоката држава“ немилосрдно е вклучена во бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. И како што на светот му треба поредок заснован врз национален и религиски идентитет, така нам ни треба стабилност, безбедност и просперитет во чии рамки да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот македонски народ гордо да ја ставиме Македонија на прво место во согласност со вашите залагања да ги ставаме своите земји на прво место и дека тоа е во ред и тоа е она што треба да го правиме.

Длабоко сум уверен дека САД под лидерство на Доналд Трамп и Мајк Пенс ќе помогне во исполнувањето на големите очекувања дека иднината не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите а во тие рамки и највисоки стратешки цели на Единствена Македонија и македонскиот народ да бидеме свои на своето како Македонци од Македонија.

Убеден сум дека ќе демонстрирате лидерство во изградбата на подобра иднина на целото човештво, како и лидерство во промоција на принципите и стандардите кои ќе градат соработка и почитување помеѓу нациите, меѓународното право, слободата и човечкото достоинство во светот, за што Ви ја искажувам целосната подготвеност на македонскиот народ и Единствена Македонија.

Во меѓувреме, имам задоволство да ве информирам дека Македонците во САД масовно го прифатија повикот од Единствена Македонија да гласаат за вашата кандидатура. Денес бројката на Македонци во САД е околу 200.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е македонски кој уште во 1920-тите бил забележан во американските пописи.

Со искрени желби за Ваша натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, изразите на моето највисоко почитување – се вели во честитката на претседателот Бачев

Центар за комуникации на Единствена Македонија

Скопје, среда, 4 ноември 2020

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања