Македонија

Единствена Македонија ги повлекува веќе утврдените партиски кандидати за Штип и Пласница, еве ги причините…

Извршниот комитет на Единствена Македонија синоќа на вонредна седница донесе едногласно одлука да ги повлече веќе утврдените партиски кандидати за локалните избори за градоначалник во Штип и Пласница. Утре, сабота, кога истекува крајниорт рок , Единствена Македонија нема да поднесе кандидатски листи за градоначалници до општинските изборни комисии во Штип и Пласница.
Во изминатите 15 дена по анализите и внатрепартискиот избор беа утврдени двајца млади и амбициозни луѓе како кандидати за градоначалник на Единствена Македонија кои имаат народна визија во интерес за општините Штип и Пласница.
Но, во актуелните околности кои ги прават овие избори да не се исти со кои било други избори, Единствена Македонија нема да учествува на избори во Штип и Пласница закажани за 13 декември од најмалку две причини:
Првата причина е неучеството на повеќе политички партии, особено најголемата опозициска партија што ги прави изборите нелегитимни. Единствена Македонија е силно мотивирана за изборен мегдан со сите партии по тешкиот изборен фалсификат врз Единствена Македонија на изборите од 15 јули на кои партијата според историскиот скандалозен преседан со планот за колатерална штета на тие избори на кои Единствена Македонија требаше не да биде поразена, туку понижена. Да потсетиме, јавноста се запозна со планерите и со монструозниот план како и со доказите за тешкиот изборен фалксификат врз Единствена Македонија на прес конференцијата од 26 јули на претседателот на партијата Јанко Бачев.
Втората причина е тешката здравствена состојба во земјата. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Одложувањето на овие избори е единствен начин да го заштитиме народот. Сега е потребно домашно единство а доколку големиот број на заразени и починати не се доволно за сплотеност, тогаш, што уште треба да се случи за да видиме домашно единство. За таа цел, Единствена Македонија со неучество на изборите на конкретен начин покажува дека секогаш е на страната на народот. Но, за да ја добиеме битката со коронавирусор потребно е знаење, спообност и достигнување. Владата во Скопје во овој момент го нема тоа.
Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува до крај на страната на народот и целосно посветена на елиминирање на последиците од оваа криза. Да го заштитиме здравјето на народот, па, ајде сите на избори!

На почеток