Прв пат во историјата на Македонија на избори се појавува човек со потекло од Африка кој живее во Македонија.
На изборите во Штип ќе имаме пет кандидати од кои еден е со потекло од црниот континент, поточно роден е во Нигерија, а со децении живее во Штип и е добро познат на македонската јавност.
Штипјанецот Симеон Поликарп Џими стана кандидат за градоначалник од партијата „Интегра“.
Покрај Џими во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија.